Комитетот за надворешни односи на американскиот Конгрес уште еднаш за еден месец го одложи гласањето за номинацијата на Џон Болтон за амбасадор на Соединетите Држави во Обединетите Нации. Демократите во Комитетот се против Болтон поради тоа што тој бил познат како противник на Обединетите Нации.