Амeриканскиот државен секретар Кондолиза Рајс, денеска се очекува да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, во рамки на нејзината тунреја на Москва која започна синоќа и е нејзина прва посета на Русија како државен секретар. Во рамки на посетата на Русија, се очекува Рајс да зборува за американската загриженост за руската демократија, посебно за состојбата на медиумите.