Кардиналот Рацингер го избра името Бенедикт 16.
Претходно, чилеанскиот кардинал Естевес соопшти "Имаме папа".
Јозеф Рацингер е роден на 18 април 1927 година во германската покраина Баварија. Свештеник станал во 1951 година, а во 1977 година е именуван за надбискуп на Минхен.
Во 1981 година е поставен за раководител на влијателната Конгрегација за верска доктрина, која реформските кругови во Католичката црква ја оценуваат како наследник на средновековната Света инквизиција, јави германската агенција ДПА.
Рацингер, кого го нарекуваат "панцер кардинал" и "божји ротвајлер", е противник на идеите за жени-свештеници, на хомосексуалноста, ба употребата на контарцепција и на комунизмот. Тој е и еден од противниците на зачленувањето на "муслиманската Турција" во ЕУ.
Контарверзниот дел од неговата биографија го опфаќа период на Втората светска војна, кога Рацингер бил член на Хитлеровата младина, подмладок на Национал-социјалистичката германска работничка партија и припадник на единиците на противвоздушната одбрана на Вермахтот.
Рацингер, кој важи за припадник на конзервативнното крило на Католичката црква, во октомври 2004 година изјави дека Црквата треба да остане "подалеку од народните маси, бидејќи колку што им е поблизу, станува се поповршна", јави германската агенција ДПА.