Рим: Владина криза во Италија

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони денеска ќе разговара со шефот на државата Карло Азељо Чиампи за иднината на неговата влада откако неа ја напушти клучната партија на владејачката коалиција. Во петокот Кабинетот на Берлускони остана без министрите на Унијата на демохристијаните која, по лошите резултати што ги постигна партијата на Берлускони на локалните избори, побара формирање нова влада. На денешниот состанок со Чиампи се очекува Берлускони да поднесе оставка што ќе го отвори патот за составување на нов кабинет. Алтернатива на тоа е закажување предвремени избори.