Граѓаните најмногу ги интересира што се планира во работната агенда на градоначалникот на Скопје? Претходно, се наметнува прашањето ќе се губи ли време во составувањето на тимот советници и ќе се отвори ли на тој начин оној круг во кој се инволвира политиката и интересите?
Тимот ќе биде составен пред се од луѓе кои пред се имаат искуство, интегритет и знаење. Партиската, етничката припадност, се второстепени елементи во нивното функционирање и во нивното влегување на јавните функции. Меѓутоа, морам да кажам дека тој елемент за промени ќе настане во оној момент кога навистина ќе почувствувам дека тоа е потребно. Прва моја работа е да видам, да влезам внатре ситуацијата каква е. Ќе направам и сопствени анализи за севкупното работење на градот. Најверојатно ќе ангажирам и независна агенција којашто треба да направи длабинско снимање на сите проекти во градот и продолжуваме со започнатите проекти, бидејќи тоа е основно мото, не би сакале граѓаните да го почувствуваат тоа што во основа го прифатиле како нешто што е неопходно, ние да го закочиме, а во догледно време, очекуваме за неполни два – три месеци да промовираме нови принципи, нови идеи, стварање на инфраструктура, услови, криминалот да го снема и од улиците и од институциите и давање можност на еден позасилен развој на Скопје вклучувајќи ги сите десет општини.
Промовирате политичка независност во извршувањето на функцијата. Вие и се кандидиравте како независен кандидат, но со поддршка на опозицијата, односно може ли да се биде политички независен, односно како ќе се оди во распределувањето на функциите и во јавнит претпријатија?
Дефинитивно ја сочував својата независност за време на целата кампања и истата беше поддржана од главно опозиционите партии. Позицијата реши да не ме поддржи, но тоа е нивни проблем, за мене тоа не претставува никаков хендикеп, туку напротив, повеќе да промовираме еден нов начин и систем на водење на градот којшто нема да има политичко обележје. Мислам дека е повеќе од јасно дека тие што ме поддржаа, дека имам и некои обзири кон нивните барања, но сето тоа мора да биде потврдено со стручни, млади или искусни луѓе, докажани во своите области, и нема да дозволиме поради партиската припадност или партиските интереси ние да го делегитимираме професионализмот и условно кажано перспективноста на луѓето коишто треба да го водат градот понатаму.
Рековте имате обврски кон барањата на партиите може ли тука да зборуваме веќе конкретно?
Ништо не можеме да зборуваме конкретно додека не ја снимам целата ситуација, внатре и во јавните претпријатија и во кабинетот на градоначалникот. Да видиме како се реализирани проектите. Ќе ги преиспитаме, ќе ги ревидираме, доколку има место. Во секој случај ни престои голема работа.
Во остварувањето на наведените концепти клучна ќе биде поддршката од градскиот совет, со оглед на тоа што одлуките коишто ќе сакате да ги донесете ќе треба да бидат донесени со мнозинство од страна на советот, а којшто можеби ќе има и шаренолик состав?
Веднаш сакам да напоменам дека јас во сите членови на советот гледам само мои идни соработници. Независно од нивната партиска или етничка припадност. Партиската припадност на градскиот совет е многу битна, но за мене не и најбитна. За мене е најбитно во градскиот совет да имам луѓе со коишто ќе ги споделуваме целите и смерниците како градот ние понатаму ќе го водиме. Аргументот ќе биде основен принцип на нашата комуникација.
Како ќе ги убедите претставниците на политичките партии во потребата од кооперативност?
Ќе настојувам со лидерите на партиите да воспоставам комуникација во којашто ќе барам да не бидам блокиран од нивните претставници во Советот, бидејќи со тоа дефинитивно сами си штетат себе си. Доколку ние како членови на Советот и јас како градоначалник не направиме некој исчекор, што ќе промовираме нешто ново. За одредени права ќе го вклучам и јавноти мислење, во поглед на одредени предлози, а тогаш консеквенците ќе ги понесат самите партии. Бидејќи, навистина, независноста што ја имам ми дава право да бидам близок и еднаков во соработката со сите партии, односно со сите членови на Советот. Соработката со опозицијата е веќе природна и ќе ја имаме и на терен и во односите, меѓутоа апсолутно не гледам непријател во власта, туку барам само да имам добар соговорник и добар состав на луѓе со коишто заеднички ќе комуницираме, не заради нашите лични или партиски интереси, туку заради интересите на граѓаните.
Каде ги гледате приоритетите во работата што ќе треба да се најде во перспектива на дневен ред на советот?
Сакаме да се даде една нова динамизација на сите инвестициони работи коишто треба да влезат во Скопје. Сакам Скопје да го претворам во едно огромно градилиште, кое ќе се мери, ако говориме во некои суми, со неколку милионски суми, со што ќе овозможиме побрз развој, поголема вработеност, подобар животен стандард и поголем и подобар просперитет. Прва работа којашто мора да се направи е ревизија на генералниот урбанистички план. Истиот веќе е далеку од вистината. На одредени места е изградено, на одредени места се дадени маркици во коишто е узурпиран, има диви населби, не се влезени во генералниот урбанистички план, а во изминатите три седмици излегоа да гласаат за сопствени градоначалници и советници што навистина едно со друго е контрадикторно. Значи, ние мора да го сведеме генералниот урбанистички план на реалноста, што е неопходно да ги направиме сите тие работи согласно реалните потреби на градот. Мојата основна ориентација ќе биде стварање на урбани услови во сите делови на градот, вклучувајќи ги и новопримените општини како Сарај. Ни претстои многу работа во периодото којшто ќе си го дадеме како објективен и како можен, секако имајќи ги предвид и финансиските можноси што ги има градот. И ќе одиме во нова димензија, во којашто ќе промовираме за извесни јавни работи, коишто ќе се изведуваат во интерес на граѓаните да влеземе во еден директен однос и со приватниот капирал којшто ќе сакаме да го заинтересираме да може да вложува, за секако, да оствари и некој профит, но сето тоа да биде во интерес на граѓаните.
Со колкава сума се располага сега?
Влегуваме, тоа беше и потврдено, но ќе биде и официјализирано со документи, со еден недостаток од 10 милиони евра обврски на градот, кон фирми исполнители на одредени проекти. И доколку го имаме сето тоа предвид, можеби од тој аспект некои работи ќе се позабават, за да се стабилизира финансиската состојба на градот, а понатаму ќе одлучиме како и кои проекти ќе имаат предност и приоритет. Во половината на мај и почетокот на мај повторно ќе разговараме со конкретни цифри и проекти кои ќе бидат во фаза на реализација до крајот на годинава, а ќе дадеме и оредена динамика на реализација на некои проекти. Имаме некои отворени проекти, како да речеме, Првомајска, почната незавршена, Јужен булевар, Камен Мост, спортската сала. Имаме големи отворени проекти коишто бараат големи средства. Со цел нивно завршување, тоа е обврска која е наследена и секако јас ќе морам таа работа да ја завршам во интерес и на граѓаните, на градот, па и затоа што веќе се потрошени големи средства во тој дел. Меѓутоа, во ниту еден момент нема да ги заборавиме оние насочни потреби коишто треба веднаш да почнеме да ги решваме, а не бараат толкави инвестициони средства, со цел да го подобриме, условно кажано живеењето на граѓаните во Скопје.