Пакистанскиот претседател Первез Мушараф се очекува во текот на денов да допатува во Индија. Тоа е прва негова посета на таа земја од две илјади и првата година. Предвидени се неколку средби на Мушараф со индискиот премиер Синг, на кои, ќе разговараат за унапредувањето на мировниот процес што двете земји го покренаа во минатата година.