Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави дека Соединетите Држави и европските сојузници мора да останат ангажирани во напорите за реформирање и обновување на земјите од поранешна Југославија.Според Рајс, европската интеграција на сите држави кои настанаа по распаѓањето на Југославија останува клучниот лост за реформите. Рајс оцени дека идниот статус на Косово ќе биде комплицирано и предизвикувачко прашање со кое ќе се соочат Соединетите Држави и Европа во претстојните месеци.