Текот на изборите, според оценката на наблудувачката мисија на ОДИХР при ОБСЕ, беше дека и покрај во голем дел мирното гласање, тие изминаа и со одредени неругларности. Во оваа насока, за подобрување на спроведувањето на изборите во земјата, меѓународната заедница упати неколку забелешки до македоконската влада, од која меѓу другото побара и смена во одредени делови на изборното законодавство заради надминување на ваквата ситуација. ОДИХР посебно укажа на потребата од формирање на независен секретаријат за избори наместо, Државната изборна комисија. Имено, забелешките од меѓународната заедница, му беа предочени и на премиерот Бучковски во рамки на неговата неодамнешна посета на Брисел.
И домашните експерти потенцираат дека посебно е важно да се направат измени во функционирањето на Државната изборна комисија, објаснувајќи го притоа главниот проблем на ова тело:
,,Треба да се размисли околу составот на ДИК, и тука особено треба да се отстрани можноста за партизирање на изборот на судиите на Врховниот суд во овој орган, затоа што со сегашното решение политичките партии даваат амин на избор на определени судии или ги предлагаат судиите и тоа на некој начин дава партиски белег,”
објаснува Рената Десковска, од Правниот Факултет. Таа потенцира и повеќе други забелешки на домашните закони за избори, за кои има потреба да бидат изменети.
,,Она што исто така треба да се регулира е што претставува изборна кампања со оглед на тоа што често имаме дилеми дали некоја активност на кандидатите во определен временски период претставува изборна кампања или не и попрецизно дефинирање на изборните кампањи.”
Граѓанската асоцијација МОСТ, чија активност е сконцентрирана на изборните активности во земјава, организираше неколку трибини на кои се анализираа недостатоците на постоечките закони за избори. Од оваа асоцијација во оваа насока најавуваат.
,,Она што МОСТ планира да го направи во наредниот период е сите тие препораки да ги слее во еден закон, во кој ќе бидат усогласени сите рокови,”
потенцира портпаролот на МОСТ, Славица Биљарска.
Сите препораки до македоснкоата влада, од областа на изборното законодавство ке бидат изготвени во конечниот извештај на ОДИХР за локалните избори во Македонија, што ке биде подготвен за шест недели.