Министрите за надворешни работи на Европската Унија на денешниот состанок во Луксембург се очекува да расправаат за ембаргото за оружје против Кина. Неколку земји – членки, предводени од Франција и Германија, се залагаат за укинување на ембаргото со цел да се стимулира трговската размена со Кина. Европскиот парламент вчера се изјасни за останување на ембаргото.