Багдад: Посета на американскиот заменик државен секретар

Во ненадејна посета на Ирак денеска допатува американскиот заменик државен секретар Роберт Целик. Неговата посета доаѓа само еден по престојот во Ирак на американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд кој на ирачките лидери им порача дека Вашингтон се противи на секое одлагање на усвојувањето на новиот устав. Посети на високите американски функционери беа проследени со неколку бомбашки напади на ирачките бунтовници во кои загинаа десетици луѓе. Инаку, Рамсфелд денеска допатува во неочекувана посета на Авганистан.