Вашингтон: Волфенсон ги потрошил последните пет години во кавги со администрацијата на Буш

Претседателот на Светската банка на заминување Џејмс Волфенсон изјави дека последните пет години од неговиот мандат ги потрошил за да ја заштити банката од караниците со админситрацијата на претседателот Џорџ Буш. Во интервју за агенцијата Ројтерс Волфенсон вели дека американската администрација никогаш немала доверба во него и оти затоа во јуни годинава тој ќе биде заменет од Пол Волфовиц.