Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд пристигна денеска во ненајавена посета на Ирак. Тој во Багдад разговараше со американските команданти во Ирак, а потоа имаше средби и со ирачкиот претседател Џалал Талабани и премиерот Ибрахим Ал Џафари. Рамсфелд побарал од ирачките лидери, новата влада да работи во интерес на ирачкиот народ, а не врз основа на партиската лојалност.