Реформите не значат отпуштање од работа

Додека македонската влада и Светската Банка ги договараат структурните реформи, професорот од правниот факултет Борче Давитковски со совет до преговарачките страни, реформите во јавната администрација не смеат да се реализираат со отпуштање на вработените и праќање под заводот за вработување.

,,Реформата нема за цел да се полни заводот за вработување, таа има за цел тие луѓе и понатаму да работата, но трансформирани во приватен или полудржавен сектор."

е ставот на професорот Давитковски.

Сосема е погрешно доколку под реформи во администрацијата се подразбира отпуштање на вработени. Одговорот на овој потег ќе биде, ќе продуцираме социјални случаи од лица кои во моментов обезбедуваат егзистенција од сопствениот труд.

,,Идејата не е идејата да се избркаат од работа, туку да поминат во приватен сектор и со тоа што и оној што ќе ги преземе, е должен барем пет години да ги задржи тие вработени и не смее по основа на технолошки вишок да им престане работниот однос."

Во моментов во Македонија од 300,000 вработени 128 илјади работат во јавната администрација, или 40 насто од вработените се ангажирани во јавните служби.

,,Секаде во светот, геометрите работат како приватни институции. Како нотарите на пример. Такви има 900 во Македонија. Автоматски еве ја бројката за задоволување. Значи, има начини, има модели, познати се, само треба студиозност и сериозност во работата."

Едноставното прогласување технолошки вишок во име на реформи во администрацијата, според Давитковски владата не може правно да го реализира.

,,Да се отпуштат со одлука на влада или закон, судот сигурно ќе ги врати."

Во Македонија 60% од буџетот се троши за исплата на плати за вработените во јавниот сектор, а во развиените земји, кога овој процент ќе достигне 30 насто, се смета дека земјата има превработеност во јавниот сектор.