Парламентот на Киргизстан денеска ја потврди оставката на претседателот Аскар Акаев што тој ја потпиша на четврти овој месец во Москва. Парламентот реши новите претседателски избори да бидат одржани на десетти јули. И покрај тоа што во договорот во Москва се предвидуваше Акаев да ги ужива сите привилегии како поранешен претседател. Меѓутоа, пратениците изгласаа измени на законот, според кои Акаев и неговото семејство се лишени од таквите гаранции.