Германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер денеска престојува во посета на Косово. Предвидени се разговори со претседателот Ибрахим Ругова и премиерот Бајрам косуми, како и со меѓународните претставници во покраината. Фишер, пред пристигнувањето во Приштина, оцени дека оваа година ќе биде клучна за конечниот статус на Косово.