Денеска во албанскиот град Драч почнува дводневна регионална коференција на земјите членки на Јадранската Повелба. На средбата ќе учествуваат министрите за надворешни работи на Македонија, Албанија, Хрватска, Србија и Црна Гора и Босна и Херцеговина. На состанокот на кој ќе се разговара за интеграцијата на државите од регионот во НАТО ќе учествува и шефот на германската дипломатија Јошка Фишер. Инаку, денеска во Тирана ќе се одржи и состанок на министрите за внатрешни работи на земјите од Балканот на кој ќе се разговара за соработката во справувањето со миграцијата во регионот.