Украинскиот претседател Виктор Јушченко денеска во Вашингтон ќе се сретне со американскиот претседател Џорџ Буш. Соопштено е дека притоа ќе стане збор и за тајната продажба на ракети на Иран и Кина пред четири години. Некои украински политичари велат дека оваа зделка ја одобрил лично тогашниот украински претседател Леонид Кучма. В среда Јушченко ќе има обраќање пред двата дома на американскиот Конгрес.