Соборениот претседател на Киргизстан Аскар Акаев денеска го потпиша договорот за неговата оставка, соопшти пратеникот во киргизскиот парламент Садир Џафанов. Договорот бил потишан во амбасадата на таа земја во Москва и стапува во сила утре. Акаев избега во Русија кон крајот на минатиот месец по демонстрациите поради фалсификуваните парламентарни избори. Договорот за неговата оставка беше постигнат на разговорите со делегацијата на привремената влада на Киргизстан која за таа цел допатува во Москва.