Економската соработка од исклучително значење

Земјите од Јyгоисточна Европа, како што соопштуваат од Министерството за економија, значително учестуваат во инвестирањето во Македонија, а на високо ниво е и меѓусебната трговска размена меѓу земјава и државите од непосредното соседство. Презентирајќи некои податоци за трговската размената како и вкупниот број на инвестиции во државава од нашите соседи, портпаролот на Министерството за економија Џељал Незири соопштува.

„Во структурата на вкупната трговска размена на Р Македонија со светот, Србија и Црна Гора во 2003 година учествува со 13, 3% а во 2004 година со 12, 9% и е втор трговски партнер на Македонија од земјите со кои државава има најголема трговска размена. Што се однесува до Албанија странските директни инвестции изнесуват 3, 7 милиони долари од кои најголеми вложувања има во 2004 година. Република Хрватска пак, во 2003 година е осми, а во 2004 година е девети трговски партнер на Македонија, рангирана според вкупниот обем на трговска соработка на Македонија со светот.“

Развојот на економската соработка меѓу земјите од регионот, е од исклучителна важност, сметаат експертите, кои додаваат дека тоа се должи на сличноста на стопанствата, што е важно во однос на привлекување на инвестициите и меѓусебната трговија. Во оваа смила, професор Ванчо Узунов објаснува неколку значења за важноста од соработката на земјава со другите држави од регионот:

„Познато е во економијата, дека односите на државите со нивните соседи се секогаш најинтензивни бидејќи постои многу јасна причина. Стопанствата се меѓу себе комплементарни и можат заедно да преставуваат целина која заедно е поефикасна.,,

Соработката мегу земјите од Југоисточна Европа и нивниот напредок, додава професорУзунов, е пресуден и за иден влез на овие земји во Европската Унија:

,,Европската Унија и без тоа го набљудува овој регион, како еден регион. Таа комуницира со секоја држава одделно меѓутоа на крајот секогаш ја потенцира таа битна компонента дека регионот Југоисточна Европа во случајот, треба во целосна смисла да напредува за да стане составен дел на Европската Унија. И се додека целиот регион не напредува и да стане доволно способен да стане дел од ЕУ, се дотогаш државите нема да станат дел од Европската Унија.,,