Естонскиот претседател Арнолд Рутел го номинираше лидерот на реформистичката партија Андус Асип за нов естонски премиер и му нареди да формира нова влада. Ансип беше министер за економија и комуникации во поранешната влада, што поднесе оставка минатата недела. Тој има две недели да го соопшти составот на новиот владин кабинет.