Соединетите Држави денеска повторно ја повикаа Северна Кореја да се врати на 6-партитните преговори за нејзината нуклеарна програма. Специјалниот пратеник Кристофер Хил изјави во Хонг Конг дека нема друга опција за Пјонг Јанг, освен да седне на преговарачка маса, но одби да каже каква акција би презел Вашингтон доколку тоа не се случи.