Генералниот секератр на Обединетите Нации Кофи Анан изјави дека нема намера да поднесе оставка и оти ќе продолжи да работи на спроведување на својата амбиоциозна програма за реформирање на Светската оргзанизација. Анан ова го изјави веднаш откако независната истражна комисија го објави извештајот за скандалот во врска со програмата на Обединетите Нации Нафта за храна. Во извештајот се наведува дека Анан не учествувал во финансиските малверзации на компанијата на неговиот син Коџо Анан во оваа програма.