Луѓето ја уништуваат Планетата се побрзо и побрзо што ќе придонесе за ширење на болестите во светот и за таканаречени смртоносни зони во морињата. Ова се наведува во денеска објавениот извештај што го подготвија над илјада триста и шеесет експерти од деведесет земји во светот. Во него се прецизира дека рапидниот пораст на светската популација предизвикува загадување на две третини од еколошките системи на Земјата. Нивната состојба некаде е доведена на ниво од кое тие веќе не можат да се обновуваат, се предупредува во извештајот, објавен во Осло.