Франција ја поддржува волјата на Јапонија да стане постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, и двете земји се надеваат дека оваа одлука ке биде донесена летово, соопштено е денеска во Токио каде во посета е францускиот претседател Жак Ширак. Агенциите јавуваат дека Јапонија и Франција оцениле дека на Советот за бебедност му се потребни нови членки со што на најдобар начин би се отсликала сегашната реалност. Генералниот секретар на Обединетите нации се залага за суштински реформи на организацијата, посебно за проширување на Советот за бебедност на 24 членки.