Вашингтон: Средба Рајс - Моливијатис

Грција активно учествува во решавањето на прашањата во врска со статусот на Косово, изјави американскиот државен секретар Кондолиза Рајс по средбата во Вашингтон со нејзиниот грчки колега Петрос Моливијатис. Рајс изрази готовност за соработка со Грција и со другите земји членки на НАТО околу надминувањето на проблемите на Балканот.