Њујорк: ОН бараат независна истрага за убиството на екс либанскиот премиер Рафик Харири

Истражниот тим на Обединетите Нации соопшти дека либанската истрага за убиството на поранешниот премиер Рафик Харири имала сериозни грешки и побара меѓународна, независна истрага. Во извештајот, што му е доставен на генералниот секретар Кофи Анан се вели дека убиството се случило во политички и безбедносен контекст во врска со сиријското влијание во Либан.