Њујорк: Советот за безбедност на ОН ќе испрати 10 илјади мировници во Судан

Советот за безбедност на Обединетите Нации едногласно реши да испрати над 10 илјади мировници во јужен Судан за да го надгледуваат мировниот договор со кој треба да биде окончана 21-но годишната граѓанска војна. Меѓутоа, членките на Советот не постигнаа согласност околу можните санкции против Судан и местото каде што ќе им се суди на воените злосторници од тој регион.