Денеска е Светскиот ден на борбата против туберкулозата, болест од која годишно умираат скоро два милиона луѓе во светот, третина од нив во Африка. Турбекулозата е смртоносна болест, но исто така е излечива. Проблемот е во тоа што третманот трае најмалку шест недели, па многумина не успеваат да го спроведат во целост. Сега се на повидок нови лекови за кои научниците се надеваат дека ќе бидат поефикасни.
Белгиските научници уште еднаш потврдија дека некогаш најдобрите работи доаѓаат случајно. Хемичарите во компанијата за лекови Џонсон и Џонсон креираа смеса која била многу поразлична од онаа што ја очекувале. Па поради тоа ја оставиле во таканаречената хемиска библиотека. Таму таа останала се додека други научници не откриле оти таа е невообичаена:
,,Таа ги има сите посакувани карактеристики за да биде потенцијален лек за третирање на туберкулозата. Кога ја комбиниравме со некои од досегашните лекови и ја испитваме, видовме дека лечењето се скратува за половина време.”
Вели Коен Андрис, шеф на истражувачкиот тим. Научниците се согласуваат дека станува збор за најветувачки лек против туберкулозата што се појавил во изминативе четириесет години. Тој дејствува на поинаков начин од постојните лекови. Именот тој им ја одзема енергијата на бацилите на туберкулозата што им е потребна за да преживеаат. Но, овој лек не е и единствениот. Индиските научници соопштија дека откриле нова молекула која го прави лечењето на туберкулозата полесно и поеефикасно. Освен развојот на медикаментите, научниците исто така работат и на полето на превенцијата од оваа болест. Во берлинскиот институт Макс Планк развиваат нова вакцина. Она што се употребува сега или попознатата Бе Се Же, заштитува од туберкулозата само за време на детството. Доктор Амина Џиндани, специјалист во оваа сфера, сепак смета дека и скратеното времетраење на третманот ќе придонесе за неширењето на туберкулозата.
,,Во светот во развој, со сиромашна инфраструктира или каде што нема развиена патна мрежа и комуникации, дури и шест месеци можат да бидат предолги за луѓето кои живеат таму.”
Вели Џиндани, додавајќи дека сега имало знаци оти туберкулозата станува отпорна на антибиотици и дека новите ветувачки лекови се добредојдени и покрај тоа ќе требаат уште шет до шест години за да се појават на пазарот.