Џунија: Две лица загинале во експлозија

Две лица загинале, најмалку три други биле повредени во експлозијата што во текот на ноќта се случила во близина на либанското пристаниште Џунија, јавуваат агенциите. Во експлозијата до која дошло во христијанскиот дел на на градот бил уништен тамошниот трговски центар. Христијанските опозициони партии сметаат дека цел на бомбашкиот напад бил поткопување на безбедноста во земјата, и оти станува збор за порака до антисирискиот бунт.