Стана добро познат модел. Неуспешни избори, масовни протести, оставка на влада. Но, дали најновите настани во Киргизстан навистина личат на последните револуции во Грузија и во Украина? Киргиската опозиција сака да мисли така, но некои факта го зборуваат спротивното. Протестите во таа земја досега беа понасилни и помалку контролирани отколку во претходните две земји.
Киргистан можеби ја загуби својата Сомотска револуција по насилствата што избувнаа во јужните градови Џалалабат и Ош. Демонстрантите таму, со барањето за оставка на претседателот Аскан Акаев, палеа владини згради. Насилството заврши релативно бргу, но неколкумина беа повредени. Ова е само една од разликите меѓу она што се случува во Киргистан и мирните револуции во Украина и Грузија. Киргиската опозиција вели дека сега ја контролира ситуацијата во реоните каде што ја презедоа власта.
„Го контролираме овој процес. Како што ќе добиеме некое известување за насилство или за грабеж ние испраќаме наредби во тој регион. За тоа разговаравме и со нашите активисти.“
Изјави за Радио Слободна Европа Емил Алиев еден од опозиционите лидери. Ова е спротивно од она што го наведуваат од кабинетот на претседателот на земјата, дека во тие региони имало безредие. Една од причините би можело да биде и тоа што на опозицијата и недостига харизматичен национален лидер како украинскиот Виктор Јушченко или грузискиот Михаел Саакашвили. Новинарот Алишер Саипов кој ги следеше настаните во Ош вели дека имало мала координација меѓу опозиционите групи при заземањето на зградите.
„Да, тоа е апсолутно јасно. Таму опозицијата не беше обединета. Нејзините лидери се дури поделени околу тоа дали шефот на државата Акаев треба да замине од функцијата.“
Од друга страна, еден од важните непознати фактори е: како ќе реагира Русија. Кремљ одигра значајна улога во спречувањето на насилството во Грузија со тоа што го убеди претседателот Шеварднадѕе да си поднесе оставка. Што се однесува до Украина пак, Москва иако од почетокот отворено застана зад премиерот Виктор Јанукович, сепак го призна неговиот пораз на изборите за шеф на државата. Се зборува дека киргистанскиот претседател Акаев во претстојниот викенд ќе оди на разговори во Москва. Таму пак, барем кај дел од пратениците во Думата, постои мислење дека Русија би требало и воено да интервенира за да го спречи можното крвопролевање во Киргизстан.
„Ја повикуваме Русија за помала пристрасност и за поголема претпазливост во врска со Киргизстан.“
Вели Ишенѓул Бољурова од Народното движење за Киргизстан.