Три часа состанок, без конкретен договор

Залудно потрошени 3 часа на лидерите на политичките партии учеснички на изборниот процесс кај премиерот Владо Бучковски. Средбата Заврши без конкретен договор ДПА главниот проблем:

„Разговаравме и се убедувавме со господинот Мендух Тачи дека е погрешна тактиката што ја има ДПА и намерата да ги бојкотира вториот круг на избоирите ако не биде прифатена нивната иницијатива, која во предлог текст на закон денеска е поднесена со Собранието, каде што бараат поништување на изборите во цела западна Македонија, односно во 16 општини каде што се доминантно албански гласачи. Од друга страна, имаме отворена понуда до опозицијата, пред се до ДПА, за сите оние случаи кои не се опфатени со 19 кривични пријави да поднесат уште веднаш кривични пријави за сите оние за кои сметаат дека насилно се однесувале или ги полнеле гласачките кутии,“

изјави премиерот Владо Бучковски кој се надева дека на средбата најавена за утре лидерите ќе успеаат да се договорат

„Јас сметам дека ултиматумот не е секогаш најдобро решение, ако парламентот не го прифати нивниот закон за поништување на изборите во 16 општини со доминантно албанско население да ги бојкотираат изборите. Мислам дека со тоа што прифатија утре да се видиме уште еднаш ДПА не ја затвора таа можност.“

Дека непотребно лидерската средба била сведена само на проблемите во Албанскиот политички блок посочи ВД претседателот на ВМРО Народна Весна Јаневска

„Во принцип меѓу македонските партии немаше таков проблем, како меѓу албанските партии.“

Премиерот е убеден дека во вториот изборен круг ќе се поправи впечатокот за добро организираните избори

„Ако имаме 15 оцени, ако освоивме 14 петки и една единица, треба да одиме и да ја поправиме таа една единица. Колку сме поблиску до ЕУ и НАТО посилен ќе биде мониторингот, и ќе се бара перфектно однесување. Не да бидеме многу добри, туку перфкетни, ако сакаме да бидеме дел од клубот.“

Во Меѓувреме ДИК ги објави конечните резултати по завршување на сите рокови за жалби и поплаки. Од 84 во првиот круг избрани се 18 градоначалници во 57 во недела ке се одвива втор а во останатите ке се прегласува. Во Главниот град прегласување ке има во 7 избирачки места каде право на глас имаат околу 6 илјади избирачи:

„Теоретски едниот од кандидатите може да биде избран во првиот круг и токму затоа е направена таа симулација и мора да се прегласа,“

изјави портпаролот на ДИК Зоран Таневски.