Задоцнето, вака експертите ја коментираат денешната среба кај премиерот Владо Бучковски, посветена на обезбедувањето фер и демократски втор изборен круг од локалните избори, на која учестуваат претставниците на политичките партии од земјава:
„Мислам дека оваа средба доаѓа задоцнето. Таа требаше да се одржи пред првиот круг, пред да почнат изборите, воопшто.“
Вели професор Лидија Христова, од Институот за социолошко и политичко правни истражувања. Дека средбата, кога веќе се иницираше, требаше да се одржи пред почетокот на првиот круг од локалните избори, нема дилеми ниту професорот Ибрахим Мехмети:
„Јас се слагам дека требаше пред првиот круг да се случи ваква средба, иако нема штета да се одржи и сега.“
Разочарувачки, е следната констатација на експертите за суштината на ваквите средби. Преговори, договори, кодекси, декларации... и по 15 години самостојност, Македонија ги нема надминато ваквите ситуации и сеуште и се потребни ,,низа,, од ,,средства,, за заедничка консолидација за организирање фер и демократски избори, наместо нивно прифаќање како апсолвирана работа, тоа само говори дека државата сеуште не е демократски зрела, смета професор Христова.
„Нам ни треба посебен политички договор, за да ги почитуваме законите, тоа се наметнува како заклучок. Разочарувачки, бидејќи 15 години после воспоставување на демократија не сме во состојба да организираме легални и фер демократски избори, бидејќи 15 години се задоволуваме со некои формулации кои одат на линија, изборите воглавно беа регуларни, НО... При што зад ова НО, се крие цела една лепеза на насилства и нерегуларности.“
Една следна работа, која го доведува во прашање значењето на ваквите средби, е досегашната практика која покажува дека најчесто постигнатите договори за организирање фер и демократски избори, во поголем број случаи немаат оддек, ниту пак се почитуваат од политичките партии.
„На крај сите го забораваат тоа, во првиот момент кога почнува гласањето“
Одговара професор Мехмети.
Најчесто во улога на медијатор во овие ситуации, се појавуваше претседателот на државата. За неговото отусуство од инволвираност во случувањата околу изборниот процес, експертите со оценка:
„Не баш среќно решение е тоа да се наоѓаат кај премиерот, бидејќи Владата и Премиерот се дирекни учесници во изборите како лидери на политички партии.“
„Во овој случај позицијата на претседателот не е регулирана во законската регулатива, меѓутоа еден претседател може да се наметне во вакви ситуации со својот кредибилитет.“
Заклучуваат Мехмети и Христова.