Серија промени за зголемување на способноста на ОН

Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан предлага серија промени со цел да се зголеми способноста на светската организација да се справува со безбедносните и развојните предизвици, како и оние поврзани со човековите права. До нив доаѓа во време кога Обединетите Нации се потресни од неколку скандали.
Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан бара од светските лидери да ги одобрат најголемите промени во Светската организација од нејзиното формирање пред шеесет години. Предлозите на Анан вклучуваат и проширување на Советот за безбедност на дваесет и четири членки со цел порепрезентативно претставување на геополитичките реалности на дваесет и првиот век. Во моментов Советот има петнаесет членки од кои пет со право на вето. Анан исто така сака членките на Обединетите Нации да одобрат конвенција против тероризмот која ќе биде базирана врз светска дефениција за тероризмот. Таа би гласела: секоја акција ќе се смета за тероризам ако со неа се предизвикува смрт или сериозни повреди на цивили или невоени лица со цел заплашување на населението или принудување на владата или меѓународните организации да сторат или да не сторат нешто. Шефот на Светската Организација бара и создавање нов Совет за човекови права што ќе го замени постојниот Комесаријат на Обединетите Нации за човекови права. Комесаријатот е критикуван поради тоа што дозволува да се штитат меѓусебно земјите кои ги кршат човековите права. Исто така, планот на Анан предвидува и големо зголемување на помошта за развој, како и отпишување на долговите на сиромашните земји. Шефот на анановата Марк Малок Браун вели дека овие предлози ја демонстрираат испреплетената природа на глобалната безбедност.

„Нашата фундаментална точка е дека во планот има доволно за сите да го спроведат она што произлегува од членството во оваа органицазија. Се надеваме дека тој ќе биде прифатен.“

Планот на Анан предвидува и преговори за договорот за запирање на ширењето материјали што се употребуваат за нуклеарно оружје. Роберт Ор е еден офд главните советници на генералниот секретар вели дека всушност станува збор за преиспитување на Договорот за неширење на нулеарното оружје.