Приврзаници на опозицијата на Киргистан влегоа во неколку владини згради во Ош, втор по големина град во таа земја. Агенциите јавуваат дека притоа била заземена и зградата на полициската станица. Демонстрантите бараат повторување на парламентарните избори и оставка на претседателот Аскар Акаев. Соединетите Држави и ОБСЕ ги повикаа двете страни да започнат преговори со цел смирување на ситуацијата.