Брисел: Олеснување на правилата што гарантираат стабилност на еврото

Министрите за финансии на Европската Унија постигнаа согласност да ги олеснат правилата кои имаат за цел гарантирање на стабилноста на еврото. Познатиот Договор за стабилност и развој постојано беше непочитуван од, односно постојано беше прекршуван од Германија и Франција. Овие две земји сметаат дека правилата треба да бидат пофлексибилни за да им овозможат на владите на земјите членки на Унијата да ги зголемуваат трошоците за да го потикнат развојот на нивните економии. Според договорените нови правила, дефицитот на националните буџети и натаму не смее да биде над три проценти од бруто домашниот производ. Но, владите сега ќе можат да наведуваат различни причини зошто не треба да бидат веднаш казнуваниод Европската комисија ако го надминат лимитот на буџетскиот дефицит. Новите правила се очекува официјално да бидат одобрени на дводневната средба на евро литерите што утре почнува во Брисел.