Еден Британец загина, а уште 19 лица се повредени во екплозијата на автомобил-бомба што се случи синоќа во еден тетар во катарскиот главен град Доха. Британскиот Форин офис потврди дека загинатиот е државјанин на Велика Британија и соопшти оти се уште не е утврден идентитетот и националноста на повредените. Според првичните сознанија на катарските власти, нападот го извршил бомбаш самоубиец, кој со возило полно со експлозив удрил во зградата на театарот.