Багдад: Убиен шефот на одделот за борба против корупција на ирачката полиција

Шефот на одделот за борба против корупција во ирачката полиција Валид Кашмула денеска беше убиен во експлозија на бомба во градот Мосул. Официјални претставници соопштија дека бомбата била поставена во полициската зграда каде што работел. Нападите коинцидираат со втората кодишнина од американската инвазија на Ирак, одбележана со анти воени протести низ светот и повици странските трупи да ја напуштат земјата. Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека нападот на Ирак помогнал во инспирирање на про демократските реформисти на Блискиот Исток.