Членови на киргистанската опозиција денеска организираат народен конгрес во градот Осх, на југот од земјата. Организаторите тврдат дека пред зградата на регионалната управа се собрале 6,000 луѓе. Тие повикуваат на нови парламентарни избори и оставка на претседателот Аскар Акајев. Протести се одржуваат и во градовите Талас, Џалалабад, и главниот град Бишкек. Опозицијата тврди дека неодамнешните парламентарни избори биле наместени во корист на владата.