Либан: Заврши првата фаза на повлекувањето на Сирија

Сирија, како што јавуваат агенциите, ја завршила првата фаза на повлекувањето од Либан. Имено, во Бејрут е сооштено дека од четиринаесетте илјади војници во Сирија до вчера се вратиле четири илјади. Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан повтори дека целосното повлекување мора да заврши пред парламентарните избори во Либан закажани за мај годинава.