Израел, Соединетите Држави и Европската Унија генерално позитивно реагираа на договорот на палестинските милитантни фракции да декларираат стопирање на нападите врз Изарел најмалку до крајот на годинава. Според нив, станува збор за прв чекор кон мирот на Блискиот Исток. Милитантните групи, вклучувајќи ги тука Хамас и Исламски Џихад, предупредија дека нивниот договор е условен од запирарањето на воените операции на израелската армија и од ослободувањето на сите палестински затвореници.