Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед Ел Барадеи смета дека Северна Кореа претставува поголема нуклаерна закана од Иран. Во интервју за Си Ен Ен Барадеи прецизира дека е познато оти Северна Кореа поседува плутониум од кој може да се направат нуклеарни бомби. Ваков материјал, според него, не бил откриен во Иран.