По посетата на Пакистан и Индија, американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска во Кабул со претседателот на Авганистан Хамид Карзаи разговараше за проблемите на Авганистан во борбата против тероризмот и економската обнова на земјата. Рајс вети дека Соединетите Дражви ке го подржат Авганистан и во следната фаза на демократскиот и економскиот развој. Во Кандахар на југот на Авганистан, како што јавија агенциите, од поставена бомба на пат загинаа 5, а се повредени над 30 лица.