Авганистан: Еден американски војник загина во експлозија на мина

Американските сили соопштија дека еден американски војник загинал, а 4-ца биле повредени од екплозија на мина во западен Авганистан. Генерал Ричард Маерс, кој денеска е во посета на Авганистан изјави дека Соединетите Држави планираат воспоставување долгорочни бази во таа земја, а дел од глобалното распоредување на американските сили се и Узбекистан и Киргистан.