Индија: Посета на Кондолиза Рајс

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, која е во посета на Индија, изјави дека Соединетите Држави се загрижени од индискиот проект за изградба на гасовод со Иран, во износ од 4 миларди долари. Рајс на заедничката прес конференција во Њу Делхи со шефот на индиската дипломатија Натвар Синг, повтори дека Вашингтон настојува да го убеди Иран да се откаже од нуклеарната програма. Синг одговори дека Индија има добри односи со Иран и оти ќе ја продолжи економската соработка, а изрази и загриженост од плановите на Вашингтон да му продаде воени авиони Еф 16 на Пакистан.