Кина: Најмалку 12 деца загинаа во пожар во автобус

Најмалку дванаесет деца загинаа, а петмина беа повредени во пожарот што избувнал во автобус во источна Кина, јавуваат агенциите. Во автобусот со кој се превезувале децата од училиштето до своите домови имало дваесетина деца. Се уште не се соопштени причините за несреќата.