Белград: Перишиќ добробволно ќе се предаде во Хаг

Српската влада соопшти дека поранешниот началник на генрелштабот на Војската на Југославија генерал Момчило Перишиќ, доброволно ќе му се предаде на Хашкиот трибунал. Во соопштението се наведува дека Перишиќ, кој едно време му беше близок соработник на Слободан Милошевиќ, ќе отпатува за Хаг в понеделник. Обвинението против Перишиќ досега не е е јавно објавено.