Ријад: Први локални избори во историјата на Саудиска Арабија

Во Саудиска Арабија се одржуваат првите локални избори во историјата на таа земја. Изборите се одржуваат во три фази, а денеска се спроведуваат во главниот град Ријад. Другите две фази за преостанатиот дел од земјата се планирани за во март и во април. Во Ријад, град со четири милиони жители, се регистрирани околу сто и пеесет илјади гласачи. Жените немаат право на глас.