Еврокомесарот за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана изјави дека верува оти воената акција врз Иранските нуклеарни објекти, би било грешка. Солана во интервју за британската телевизија Еј-Ти-Ви изјави дека воената акција против Иран, би ја усложнило ситуацијата и според него, во овој момент ,,не треба да се размислува за такво нешто,,. Европската Унија, се обидува преку дипломатска акција да ја разреши ситуацијата со Иранската нуклеарна програма.