Лондон: Состанок на министрите за финансии на Г-7

Министрите за финансии на групата седум најразвиени земји во светот на денешниот состанок во Лондон, како што јавуваат агенциите, ќе се фокусираат врз задолженоста на Третиот свет и слабиот долар. Пред оваа средба, синоќа во Лондон беше одржан собир на кој јужноафриканскиот нобеловец Нелсон Мандела побара од богатите да помогнат во запирањето на мизеријата во која се наоѓаат сиромашните земји.