Ерусалим: Шарон ја симнал забраната за разговори со Махмуд Абас

Израелските медиуми јавија дека премиерот Ариел Шарон ја симнал забраната за мировните разговори со палестинскиот лидер Махмуд Абас што тој ја воведе на четиринаесети овој месец откако во заседа беа убиени шестмина израелци на границата со Газа. Медиумите, повикувајќи се на извори во израелската влада, најавуваат дека резговорите меѓу Шарон и Абас би можело да се одражт уште во текот на денов.